Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ информираат дека е забележана зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. Колоната автомобили, главно со македонски, српски и понекоја грчка таблица, се протега дури до кабините на грчката граница.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ информира дека од 14 до 17 август ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, наплатна станица Глумово – Скопје, поради што ќе има промена на режимот на сообраќај.