Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека од 15 - 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ: Ј.П. Македонија пат известува дека патниот правец с.Истибања - брана Калиманци (км.259+300) е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.
1. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница –Бигла - Делчево
2. За тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево
На Регионалниот пат пак Р2133, делница Куманово - Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затварање на сообраќајот од ден 29.07.2019 год. (понеделник) до 31.07.2019 год. (среда) во времетраење од 09:00ч. до 18:00ч.