Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„На ‘Гугл’ за нашите херои пишува: Бугарски Македонци, Европа не ја замислував ваква“, вели Ребека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
reb

Пејачката Ребека Јанковска вчера се обрати пред присутните пред Собранието. Таа го праша Бујар Османи каде се родил, каде се лекува, каде израснал откако тој рече дека нема емоции во преговарањето. Таа додаде: „Не може да нема емоции!“, и побара оставка од него.

— реклама —

„Ви ги гледав лицата и знаете што видов, ви пишуваше: Смрт за Македонија. Срам да ви е! Знаете како? Имаме прекрасни пејачи и поети, прекрасна е Македонија. Анте Поповски вели: „…Немаме резервна татковина, Македонија ни е сѐ, лулка и татковина!“ Вие се нарекувате Македонци? Која мајка ве родила? Предавници! Македонскиот народ никогаш никого не напаѓал. Ние на никого не му пречиме. Колку пари зедовте? Призајте!.

— реклама —
— реклама —

На ‘Гугл’ за нашите херои пишува: Бугарски Македонци. Европа не ја замислував ваква! Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца! Тие нам ќе ни кажат од кога постоиме небаре сме малоумни! Стотици години постоиме и ќе постоиме! Не може да нѐ сотрат!“, додаде таа.

— реклама —

„Ако стоиме вака, нема да им се стресат гаќите! Да го блокираме системот, од утре никој ништо да не работи“, порача Ребека.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања