„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 870 пациенти, слободни кревети има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
brza-pomos

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

— реклама —

Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 61 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 66, а во Струга 34 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 75 пациент, во Кочани 25 во Кичево 18, Кавадарци 54, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.

— реклама —

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања