На 25 февруари околу 13.40 часот во Полициската станица Тетово биле донесени албанските државјани Л. Ш.(21) и Б.Х.(34), кои претходно биле лишени од слобода на Граничен премин „Јажинце“ бидејќи го пречекориле нивниот престој во Република Северна Македонија.
Подоцна, тие биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, по што биле депортирани во нивната матична земја.