Кривичниот суд наместо за период од 8 месеци да му се врати пасошот Камчев како што барал, му одобрил времен пасош за 6 месеци, поради службени патувања како член на управен одбор. Според соопштението, времениот пасош е издаден заради неoдложни службени патувања кои Камчев ги има како член на Управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази во прилог на барањето.
Позитивно мислење судот добил и од СЈО и немал можност да изрече построга мерка за да го обезбеди неговото присуство. Дека Камчев добил времен пасош СЈО разбрало од телевизија во неделата, откако го виделе на финалето од ракометот Вардар – Веспрем во Келн.
Камчев е осомничен во Империја, еден од најголемите предмети на СЈО кој се однесува на перење пари.