Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

На „Ќафасан“ кон Албанија има забрана за камиони поради интензивни снежни врнежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-20-at-12.08.21

ЦУК известува, според информацијата од Диспечерскиот информативен центар на Ј.П. Македонијапат, дека поради интензивни снежни врнежи од 08:45 часот на патниот правец А2 Струга - Граничен премин Ќафасан се воведува забрана за тешки товарни возила.

Директорот на „Македонијапат“, Костадин Ацевски, апелира возилата да носат зимска опрема, а за претпријатието посочува дека ги чисти сите магистрални и регионални правци. Снегот ќе паѓа во текот на целиот викенд.

— реклама —

— реклама —
420933145_10231995071328068_3703659659571437381_n

(Видео) Се фрла сол, се чисти снегот низ автопатите - снежната покривка ќе достигне и до 40 сантиметри

Директорот на „Македонијапат“, Костадин Ацевски, апелира возилата да носат зимска опрема, а за претпријатието посочува дека ги чисти сите магистрални и регионални правци. Снегот ќе паѓа во текот на целиот викенд.„Снегот почна, екипите на Македонијапат се на терен и активно интервенираат на сите магистрални и регионални патни правци. Апелираме за внимателно возење и користење на зимска опрема“, вели Ацевски. Метео-прогрозерот, Славчо Попоски, најави формирање на снежна покривка до 40 сантиметри.„Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од над 30-40 цм, во градовите во западните предели таа ќе биде со висина локално и до 20 цм, понекаде и до 30 цм, во скопскиот регион, како и во централните, југоисточните и источните предели та ќе биде најмала и ќе изнесува некаде од 3 до 10 цм, понекаде може малку повеќе“, додава Попоски.

Македонија | пред 2 години

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања