Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

На Клиниката за ортопедија се направени сто артроскопски операции на колено, пациентите истиот ден се пуштаат дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
161431141_743782839861179_2468409362522894384_n

На Клиниката за ортопедски болести извршена е стотата артроскопска операција на колено како еднодневна хирургија, следејќи ги светските трендови каде се повеќе се фаворизира еднодневна хирургија.

— реклама —

Последните две години рутински почнаа да се изведуваат овој вид интервенции што подразбира прием, операција и испис на пациентот од болница во рок од 12 часа.

— реклама —

- Досега како еднодневни операции се изведуваа само помалите операции на дланка, а сега тоа важи и за посложените интервенции на колено. Изведувањето на овие интервенции со локална, а не со општа или спинална анестезија овозможи тие да се изведуваат на еднодневна база. Изведувањето на артроскопија на колено со локална анестезија нуди повеќе предности, како избегнување можни несакани ефекти од општата или спиналната анестезија од типот на постоперативни главоболки, повраќања, болки во рбетот и слично, како и избегнување на користењето езмарх или турнике на оперираната нога, со што се намалува ризикот од појава на васкуларни компликации, како тромбози и слично, вели д-р Алан Андоновски од Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ.

— реклама —

Предноста е што пациентот не е хоспитализиран во болница туку доаѓа, се оперира и попладне си оди дома. Со тоа се намалуваат и болничките трошоци за неговото лекување.

— реклама —

- Со локална анестезија на нашата Клиника веќе се изведуваат повеќе од 80% од артроскопските интервенции на коленo, а нашата цел е во иднина уште повеќе да се зголеми бројот на вакви интервенции, затоа што сето тоа е во интерес на пациентите и на здрвствените установи, посочува д-р Алан Андоновски. Нивната желба е пациентите да се чувствуваат како кога одат на стоматолог без стресот од хоспитализација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања