Промени тема
Контакт

На Косово биле силувани 20.000 жени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
kosovo-1

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД одржа јавни сведочења за силување на Албанка за време на конфликтот на Косово.

Поранешната косовска претседателка Атифета Јахјага, која воедно е и организатор на јавното сведочење, изнесе податок дека наводно на Косово и Метохија биле силувани 20.000 жени, иако за тоа нема сигурни податоци, вели Б2.

— реклама —

Јавно сведочеше и Васфија Красниќи Гудман, која тврди дека преживеала сексуално насилство.

Јахјага рече дека целта на јавното сослушување е да се прикажат приказните за жртвите и нивните семејства, со цел конечно да се добие правда по 20 години.

— реклама —

„Ние секогаш ќе им бидеме благодарни на САД за запирањето на војната и вртењето нов лист за Косово“.

— реклама —

Како што тврди таа, човечноста и хуманоста биле уништени пред дваесет години на Косово, а повеќето Албанци тогаш биле „систематски етнички чистени“. Јахјага, исто така, тврди дека режимот на Милошевиќ во тој период убивал мажи и жени без оглед на нивната возраст, „во операции од куќа до куќа“, и ги обвини српските сили дека вршеле насилство разделувајќи семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања