На крајно загрижувачко обвинение од Данела против лидерот, вмровци и` одговараат со некое тупо чкљшрѓ соопштение, коментира Јоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
Screenshot-2021-10-01-at-11.20.55

Политикологот Јорданка Ивановска-Јоци го искоментира телевизиското гостување на Данела Арасоска во кое го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за упатени закани кон неа.

— реклама —

„На крајно загрижувачко обвинение од Данела против лидерот, вмровци и` одговараат со некое тупо чкљшрѓ соопштение.

— реклама —

Она ги прегази, они не контаат. Не се на ниво на задача дека требаше да се огласи лично лидерот во најмала рака, затоа што таа беше негов личен предлог од кој ескалираше разидување, а со тоа криза по градот во секој сегмент. И уште ескалира, со секој нов ден. А, дека рејтинг паѓа од небо - не паѓа“, напиша Јоци.

— реклама —

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска рече дека конкретно, лично и директно добивала закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите „доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа“. „Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе“. Верувам дека не жена, ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде во функција, во која што ќе може да ги исполни овие закани, посочи вечерва Арсовска во гостувањето на Канал 5 телевизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања