Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

„На крајот излегува дека најголемиот проблем на овој предлог е што бугарското малцинство треба да влезе во Уставот“ вели ВМРО-Народна партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ljupco-georgievski-vmro-np-696x365-696x365-1

ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат. Меѓутоа неможе да ги разбере оние политичари и интелектуалци кои со сила и свесно, најверојатно поради партиски причини, сакаат да ги манипулираат македонските граѓани, вели ВМРО-Народна партија.

— реклама —

„Како што видовме во вчерашните реакции најмногу се манипулира со местото на македонскиот јазик во понатамошниот наш пат кон Европската унија.

— реклама —

Ако нешто е кристално јасно во овој договор тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран и тоа ќе биде јазикот со кој понатаму Македонија ќе комуницира и договара со целиот свет.

— реклама —

На крајот на краиштата излегува дека всушност најголемиот проблем на овој предлог е што бугарското малцинство треба да влезе во Уставот на Реублика Северна Македонија. А ако на некој тоа му пречи тогаш за тоа ќе треба да се правипосебна анализа.

— реклама —

Околу правните процедури дека можеле пак да ни стават вето сакаме да потсетиме дека тоа не е поради овој договор туку поради реформите кои Европската унија ги направи пред три години, на иницијатива на Франција. Таа можност апсолутно не е предизвикана од страна на нашиот источен сосед.

Затоа ВМРО-Народна партија уште еднаш смета дека францускиот предлог е досега најдобриот предлог во последните неколку години откако излезе спорот со соседна Бугарија.

И уште еднаш повикуваме да се престане со манипулациите и создавањето на атмосфера на драма и трагедија која во минатите триесет години барем четири пет пати сме ја гледале за разни теми и на крајот сме плаќале уште поскапа цена“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања