Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„На крајот ќе мораме да преговараме со Русија“: Украинските разузнавачи ја открија алармантната ситуација на фронтот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
ukraina-14144124

Во одреден момент Украина ќе мора да стапи во преговори со Русија за да се стави крај на повеќе од двегодишната војна, изјави висок функционер на украинската разузнавачка служба, генерал-мајор Вадим Скибицки.

— реклама —

Во интервју за Економист, кој пишува дека украинскиот генерал „не гледа начин Украина да ја добие војната само на бојното поле“, тој рече дека и двете страни во моментов се борат за „најповолна позиција“ пред потенцијалните преговори.

„Но, значајните преговори може да започнат најрано во втората половина на 2025 година“, проценува Скибицки, заменик-шеф на украинската воена разузнавачка агенција ХУР.

— реклама —

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги отфрли разговорите со Кремљ, а декретот што тој го издаде откако Русија анектираше четири украински региони во 2022 година, ги оцени преговорите со Владимир Путин за „невозможни“. Скибитски, сепак, за Економист изјави дека разговорите на крајот ќе бидат неопходни, како што би било случај со секоја војна.

— реклама —

„Генералот Скибицки вели дека не гледа начин Украина да ја добие војната само на бојното поле. Дури и да успее да ги турне руските сили назад до границите - што е се подалечна перспектива - нема да ја заврши војната“, пишува лондонскиот весник.

Зеленски и други официјални лица рекоа дека Русија не била поканета на „мировниот самит“ планиран во Швајцарија во јуни, бидејќи, како што велат, нема гаранции дека Москва ќе разговара со добра волја.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека средбата не може да биде „сериозна конференција со сериозни очекувања за некаков резултат“ без присуство на Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypdksohn53civ5tzA7Fy

(Видео) Четири лица загинаа, а 78 се повредени во руските напади врз Украина

Свет | пред 52 минути

— реклама —
sateliiistarlinklui740e

Украина повторно доби стабилен „Старлинк“ по неколкудневни ограничувања – Трамп тврди дека Маск го активирал

Свет | пред 4 часа

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Може ли Украина да го парализира воздушниот сообраќај во Москва?

Свет | пред 21 час

media-librarypm7e8e79vmhaeDTB9WM

Украинците ги покривале телата на убиените руски војници со гранки за да ги измамат дроновите – детали за тајната операција „Вивалди“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања