„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

На „кратко“ затворена темата за проширување со ЕУ, има ли Франција ново барање за Македонија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
samit

Европските лидери на кратко ја затворија темата за проширување односно за одредување на датум за преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија без конечен заклучок, пишуваат дел од европските медиуми. Дипломатски извори наведуваат дека земјите членки се обидуваат да дојдат до заеднички текст на заклучоци со кој би се испратила позитивна порака до земјите кандидатки, но не и зелено светло за старт на пристапните преговори.

— реклама —

Дојче веле цитирајќи висок француски дипломат пренедува дека Париз има ново барање за Македонија а тоа е во следните шест месеци Скопје да спроведе дополнителни реформи за да одобри почеток на преговорите.

Доколку се прифати барањето на официјален Париз, тоа би било ново, трето по ред, одложување на преговорите со Македонија. Наспроти она што го бараше Франција изминативе денови, овојпат не се споменуваат измени во методологијата на преговарачкиот процес, кои постојано беа наведувани како главна пречка од Париз.

— реклама —

Од Албанија, пак, Французите бараат да ги спречи барателите на азил. Доколку се усвои ваков заклучок од самитот, за почетокот на преговорите повторно би се решавало во април следната година.

Од друга страна голем број на земји од ЕУ веруваат дека пристапните преговори треба да започнат и со Албанија и со Македонија, група на земји, вклучително и Холандија, Данска и Шпанија, се за започнување преговори само со Скопје, велат извори на средбата.

Инаку во  декември се навршуваат 14 години откако Македонија доби кандидатски статус. Тоа се случи на 17 декември 2005 година кога Европскиот совет реши да станеме земја-кандидат за членство. Добрите вести ги соопшти тогашниот британски премиер Тони Блер во својство на претседавач со ЕУ.

 

фото: DW.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања