Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

На КРИК 03 промоција и дискусија за критиката во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
plakat-KRIK03

Третото издание на КРИК, фестивал на критичка култура, продолжува во Музејот на современа уметност во 19:30 часот. Оваа фестивалска вечер ќе биде посветена на критиката во регионот (Словенија, Хрватска, Србија). Ќе се одржи промоција на книгите „Напомош,читаме книга!“ и„Опасно читање, поимник за книжевна критика“, а ќе ги промовираат Лука Остојиќ,  писателот на „Напомош, читаме книга!“ и уредникот на „Опасно читање, поимник за книжевна критика“, и Миленка Булевиќ, уредничка на „Напомош, читаме книга!“ и претседателка на Kulturtreger, како и партнерите од Контрапункт, Kurziv, SEEcult and SCCА. Двата поимници го прикажуваат потенцијалот на критичкото читање и поширокиот контекст во кој се случува ова читање (и уметничката критика воопшто).

— реклама —

И во ова издание, КРИК се застапува за сегментот кој директно ја засега уметничката продукција – станува збор за критиката и критичката рефлексија. Без критика не може да има вистински исчекор, вистинска промена. Клучното прашање што ќе се отвори со регионалната партнерска платформа „Kритичките ставови во регионот“ е што претставува критиката денес, со акцент на критиката на уметничките пратики и нејзината фрагментираност со процесите што ја условуваат нејзината трансформација. Каде се наоѓа денес критиката, кому се обраќа, која е нејзината улога и како таа ги наоѓа своите нови форми и јазици – се некои од прашањата на кои често се навраќаме и се обидуваме да ги држиме отворени во просторот на поширока јавна дискусија. Платформата „Критичките ставови во регионот“ е во партнерство со kulturpunkt. hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија) и SCCA-Љубљана (Словенија)

Booksa.hr заедно со партнерите Kontrapunkt, Kurziv, SEEcult и SCCA создадоа и објавија два поимници од областа на книжевната критика. Овие книги не се конвенционални поимници бидејќи не ги дефинираат условите, но ги користат како почетна точка за да иницираат размисли за книжевноста, книжевната критика и нивната улога во современото општество.

— реклама —

Првиот поимник „Опасно читање, поимник за книжевна критика“ е збирка на текстови од реномираните регионални книжевни критичари за различните аспекти на критиката. Тие објаснуваат како постојано променливиот социјален, политички и медиумски контекст влијае врз критиката и улогата на критичарот. Овој поимник ги разгледува односите меѓу текстот и контекстот, критичкото читање на новите медиуми, феминистичката критика, меѓу академската и новинарската критика и влијанието на личноста на критичарот врз неговиот текст.

Вториот поимник „Напомош, читаме книга!“ е антологија на сатирични текстови за фиктивниот лекар д-р Остојиќ, „литературолог“ за лекување на читатели – пациенти кои се борат со болни значења на класичните книжевни дела. Овие текстови, претходно објавени како колумни на Booksa. hr, нудат нови толкувања на познати дела, повремено пристапуваат кон „сериозната“ литература и го прикажуваат влијанието што книжевноста и критичкото читање го имаат врз животот на луѓето.

Потоа ќе се одржи и дискусија на тема „Критиката во регионот“, со учесниците: Лука Остојиќ, Миљенка Буљевиќ, Антонија Летиниќ, Лујо Парежанин од Хрватска, Миха Келемина и Душан Довч од Словенија и Весна Милосављевиќ од Србија.

Фестивалот годинава ја обработува генералната тема „АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување“. На програмата на фестивалот, која ќе се одвива во неколку делови до 19 декември 2018 година, ќе има предавања, уметнички презентации, дискусии, работилници и филмови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања