Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

На Македонија и е потребен СДСМ - што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме, вели Лукаревска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Изборните резултати ја искушуваат нашата искреност како политичари и искреноста на нашите зборови дека сме ја разбрале вашата порака. Честитки за победниците“, вели заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

„СДСМ секогаш бил достоинствен и заради зрелоста на неговите раководства да се соочат со поразот и со одговорноста. Јас не сакам да бидам исклучок. Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ. И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам.

Горда сум што 8 мај беше празничен ден за демократијата. Тоа беше и суштината на борбата на СДСМ за ослободување од „заробената“ држава. Воедно, им благодарам на сите граѓани за секој глас за СДСМ, особено во третата изборна единица. Вредна за внимание е и пораката од оние кои не излегоа на гласање, како и на оние кои гласаа против.

— реклама —

На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината. На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија како и за нашата немост за успешните политики кои ги спроведовме во исклучително тешки услови предизвикани од светските кризи.

Го презедовме товарот и на тешките политички одлуки. Но, тоа е СДСМ на кого државата, нејзината стабилност и иднина секогаш му биле пред сė и над сė. Така било. Така мора и да остане.

— реклама —

На Македонија и е потребен СДСМ. Што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме. Јас верувам во СДСМ, а уште повеќе во неговата сила да се реформира, да се обедини и да се подготви.

— реклама —

Честитки на победникот и на сите 120 пратеници.

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија“, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски сега ја анализира водата во Гостивар, додека граѓаните сѐ уште се трујат

Македонија | пред 2 часа

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

„100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените“, вели СДСМ

Македонија | пред 6 часа

media-libraryog87t9jodr220cKhxQe

СДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидери

Македонија | пред 10 часа

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

„Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин“, велат од СДСМ

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања