Промени тема
Контакт

На Македонија и се случува вртоглав раст на цените, а во исто време стагнација на економијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
prazni-marketi

Власта на ДУИ и СДСМ со која администрира Ковачевски прави огромни штети на стандардот на граѓаните. Власта освен за личното богатење, не мрднува со прст да му помогне на народот. За две и пол години цените на горивата се покачени за 70 проценти, струјата е поскапа за 30 проценти,за година дека поскапе маслото за јадење за 40%, брашното за 38%, млекото за над 20%. Инфлацијата само во месец јануари е 6,7%, што покажува дека платите ја губат трката со растот на цените и народот ни осиромашува, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Над 500 илјади граѓани живеат со само 150 денари дневно, а според проценките на меѓународните институции над 35% од населението е во ризик од сиромаштија.

— реклама —

Владата на Ковачевски не убедува дека блескаме исто како што не убедуваше и Заев, но резултатите се поразителни. Стандардот на граѓаните вртоглаво тоне како што вртоглаво растат цените. На Македонија и се случува стагфлација, комбинација од висока инфлација, високи цени и стагнирање на економијата.

— реклама —

Резултатот од погрешните политики на владата на СДСМ и ДУИ е тројно поголемиот број на млади луѓе кои се иселени од Македонија последниве неколку години додека е оваа влада, во споредба со претходно. Тоа не им го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа им го говори и ЕВРОСТАТ, но и граѓаните.

— реклама —

Со оваа власт ништо не може да тргне на подобро. Да можеа досега ќе направеа. Потребни се избори и промена на оваа неспособна и корумпирана власт на СДСМ и ДУИ кои народот го оставаат да тоне во сиромаштија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања