На Месечината се појавила ‘рѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин

Месечината 'рѓосува, пишува Си-Ен-Ен. Имено, 'рѓата на Месечината не би требало да биде можна бидејќи таму нема кислород, што е еден од двата основни фактори што ја предизвикуваат. Другиот е водата.

— реклама —

Но, постојат докази за тоа. Индиското лунарно летало „Чандрајан-1“ кружеше околу Месечината во 2008 година и собра податоци што до денес придонеле за многу откритија, вклучувајќи го и постоењето на молекули на вода на нејзината површина. Сондата исто така беше опремена со инструмент произведен од НАСА со цел да се анализира минералниот состав на Месечината.

Истражувачите и научниците од НАСА од Хавајскиот институт за геофизика и планетарни науки неодамна анализирале уште некои податоци и се изненадиле кога откриле траги од хематит, форма на железен оксид или 'рѓа, тврдат извори за „Си-Ен-Ен“. На Месечината има многу карпи богати со железо, но 'рѓа се формира само кога железото е изложено на кислород и вода.

— реклама —

Извор: n1.rs

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања