Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„На Онкологија се набавувале лекови по цени повисоки од тие кои ги дозволувал ФЗО“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-8620PM

„Скандалот Диво Месо на клиниката за онкологија покажува колку метастазирала канцер мафијата која во соработка со властите правела милиони на грбот на најтешките пациенти. Ваквата спрега не можела да функционира без знаење на највисоките функционери во министерството за здравство кои се директно одгворни за состојбите во здравството, но и јавните набавки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Извештајот од вонредната контрола на клиниката покажал дека на нарачките на терапијата кон добавувачите е по цена која речиси по правило била повисока од цената која ја одобрувал Фондот за здравство. Со тоа во исто време се трупале долгови, а омилената веледрогерија на власта била полнета со народни пари. За некои лекови е искористена можноста да се набават дополнителни 20% и на тој начин се правеле залихи, а во исто време од други лекови постоел недостиг, па пациентите биле принудувани да ги набавуваат лековите како знаат и умеат, без да имаат можност да ги рефундираат средствата. Да потсетиме дека пациенти и нивни семсјства сведочеа дека биле принудени да купуваат лекови од црниот пазар, да чекаат со денови за терапија, а некои се сомневаат дали воопшто добивале терапија или само физиолошки раствор.

— реклама —

Јавното Обвинителство втор месец води само предистрага за скандалот на Онкологија. Нема ни официјална истрага, а камо ли пак обвиненија и онвинети. Тоа само покажува дека Јовевски, Абази и врвот во обвинителството спроведуваат нова операција со крајна цел да го обвинат кабелот на Онкологија. Не се ни свесни дека колку повеќе ја одолговлекуваат истрагата, или не дај Боже решат да ја забошотат, тогаш ќе остават црна дамка врз целокупниот здравствен систем. Потребни се имињата на одговорните, бидејќи колку се развлекува, толку ќе се валкаат сите бели мантили во Македонија. Ако мислат дека на тој начин ќе заштитат евентуално некого од одговорност затоа што е близок до власта или до било кој од канцер мафијата, тогаш се лажат. Многу скоро после промената на власта ќе следи детална истрага и одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања