Промени тема
Контакт

На отворениот базен започна летното државно првенство во пливање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
Drzavno_prvenstvo_plivanje_20220716008

По пауза од две децении, Охрид повторно е домаќина на пливачки натпревар. Вчера на СРЦ “Билјанини извори“ започна Летното државно првенство во пливање, во организација на Пливачката федерација на Македонија и Пливачкиот Клуб “Акваспирит“ од Охрид, а под покровителство на Општина Охрид. Во името на градот домаќин, пред присутните пливачи и гости се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

— реклама —

– Искрено сум возбуден што можеме да присуствуваме на првенство во пливање во Охрид, кој покрај сите епитети кои ги заслужува, сеуште како ехо на минатото го носи и епитетот како пливачки град. Дозволете ми да ги упатам најискрените честитки на организаторите, на сите помагатели и вљубеници во пливањето, а посебна благодарност до компанијата КОСТАЛ за несебичната донација за овој спортски настан.

— реклама —

Јас како некогашен ракометар, знам што значеше да се има соодветна спортска сала и уште повеќе ми е јасно, што значи за пливачите да имаат свој затворен базен. Но, состојбата е таква што ние се уште сме во очекување тој да биде конечно целосно завршен. И во такви услови, локалната самоуправа со искрената посветеност кон спортот, се потруди да овозможи оптимални услови за одржување на првенството.

— реклама —

Почитувани присутни, ве уверувам дека во моментот кога Охрид конечно ќе го добие толку посакуваниот затворен базен, нашиот град повторно ќе изнедри врвни пливачи, идни олимпијци, а Охрид за секогаш ќе стане симбол на македонското пливање – истакна во своето обраќање Пецаков.

— реклама —

На првенството ќе земат учество 300 пливачи од 17 клубови од Скопје, Охрид, Штип, Куманово и Битола.Првенството е поделено во 22 дисциплини, во пет категории, во машка и женска конкуренција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања