Промени тема
Контакт

На парцелата во сопственост на Петровска бесправно започнало да се гради објект уште во 2009-та година, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
01-03-2021-Petrovska

Целосен молк од страна на Славјанка Петровска, откако директорот на Катастар ги разоткри нејзините лаги за луксузната вила, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Иако Петровска тврдеше дека парцелата на која е изградена луксузна дивоградба со базен ја продала пред 10 години, сепак директорот Тунџев откри дека оваа парцела била продадена пред 2 години.

Но сепак на лагата и се кратки нозете. Па така на оваа парцела која била во сопственост на Петровска, според снимките на Google, бесправно започнало да се гради објект уште во 2009-та година.

Па така во 2012-та година до луксузната дивоградба, Петровска гради базен, a во 2016-та година доградува и уште еден помошен објект, кој исто така е дивоградба.

— реклама —

Не успеаја лагите и манипулациите на Петровска и Тунџев, постои луксузната дивоградба изградена во периодот од 2009-та до 2016-тата година на земјиште кое до 202та година било во сопственост на Петровска.

Иако Славјанка Петровска се обиде да ја излаже јавноста и да манипулира дека оваа луксузна дивоградба со базен, не е нејзина, фактите говорат дека токму Петровска на последните локални избори во 2021 година гласала на избирачко место бр. 2948/1 токму во Радишани, место каде што се наоѓа и оваа хациенда.

Славјанка Петровска треба да одговара кривично, бидејќи бесправното градење е кривично дело.

— реклама —

Исто така Антикорупциска комисија треба веднаш да отвори случај заради прекривање на имот, бидејќи истото го нема во анкетниот лист на Петровска.

Одговорност мора да има, а Петровска треба веднаш да ја подари луксузната вила на здруженијата на бранителите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања