Велика Британија почна да издава пасоши на своите граѓани без зборовите „Европска унија“ на корицата, и покрај одложувањето на Брегзит. Новите пасоши се воведени на 30 март, еден ден откако Британија требаше да ја напушти ЕУ.
Новите британски пасоши се издаваат без зборовите „Европска Унија“ на предната корица.
Едно лице што го добило пасошот рече дека е „навистина згрозено“ поради отстранувањето на ЕУ, вели Еуроњуз.
„Бев изненадена - сè уште сме членки на ЕУ. Бев изненадена што направиле промена кога уште не сме заминати, и тоа е јасен знак за нешто за кое верувам дека е сосема залудно“, рекла Сузан Хиндл Барон за британската Асоцијација за новинари.
„Што добиваме со заминувањето? Секако, многу ќе загубиме“.
Министерството за внатрешни работи на Велика Британија соопшти дека за доброто на „даночните обврзници, уште краток период ќе се издаваат пасоши со зборовите 'Европска Унија'“, се вели во извештајот на Еуроњуз.