Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

На пеколните температури им доаѓа крај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

На убавото септемвриско време му доаѓа крај, а веќе од почетокот на неделата Европа ќе ја зафати бран од ладен воздух од Арктикот, кога температурите драстично ќе опаднат.

Според метео порталите, од север над Европа ќе дојде до силен продор на воздушна маса од Арктикот, која ќе се прошири над поголемиот дел од континентот, а брзо ќе стигне и до Балканот.

— реклама —

Големо заладување ги чека и граѓаните на Македонија. Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од утре најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

— реклама —

Утре во првата половина од денот ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кој крајот на денот, поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.

— реклама —

Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови, соопшти УХМР.

Оттаму најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања