Промени тема
Контакт

На повеќе места ќе има појава на врнежи и грмежи, како и локално невреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Поради прилив на поладен воздух од север, и неговиот судир со многу потоплиот воздух кој се наоѓа над нашата територија, до крајот на денешниот ден, а особено утре (петок) како и за време на викендот во попладневните и во вечерните часњови се очекува поголемо дестабилизирање на атмосферата.

До крајот на денешниот ден ќе има претежно изолиран развој на облачни нестабилни јадра кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Веќе утре (петок) како и за време на викендот во попладневните и во вечерните часови на повеќе места се очекува развој на конвективни грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град.

— реклама —

И во делови од Скопската котлина ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град.

— реклама —

Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворењн простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 12 до 19 степени, додека преку ден тие секојдневно ќе бележат тенденција на постепен пад и за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

— реклама —

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 16 и 17 степени, додека преку ден таа ќе се искачува во интервалот од 31 до 34 степени. Само денес таа ќе биде повисока и ќе се искачи до околу 36 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања