Промени тема
Контакт

На проблемите на земјоделците одговара Спасовски со пријави, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zemjodelstvo

СДСМ може самата да се замајува за некакви успешни политики во реалноста, но не може да ги излаже земјоделците, оти тие најдобро гледаат каква катастрофа донесе власта, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Впрочем затоа земјоделците гласно зборуваат за своите проблеми, а реакцијата на владата се сведува на полициско малтретирање на земјоделците кои протестираат. Испаѓа дека Оливер Спасовски е и министер за земјоделие, односно земјоделците протестираат, а тој им одговара со пријави.

— реклама —
— реклама —

Дури и Интервентниот фонд не беше предвиден во нивниот буџет за 2022, туку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ амандмански го предложија и сега е дел од буџетот за оваа година, со цел да се покријат колку што може катастрофалните политики на власта на СДСМ во земјоделието. Земјоделците гледаат дека ништо од тоа што го ветуваше СДСМ не се направи и сите економски показатели покажуваат сериозен пад на земјоделието, а за тоа одговорност има владата на Ковачевски и Николовск“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања