Групата која протестираше од плоштадот Скендербег од Судска палата, а барше правда за осудените во случајот „Диво Насеље“ преку транспаренти порачаа: „Во овие лоши времиња, протестот е најубавата вредност“, „Сме и ќе бидеме секогаш заедно, УЧК“, „Стоп за селективната правда“, „Слобода за Арсим Бајрами“, „Слава им на мачениците на нацијата“, „Секој протест е еден чекор до мојата слобода, а за твојата судбина ќе одлучиш ти“. Присутните носеа и фотографии од осудените за терористичкиот акт во Диво Насеље.
Транспарентите на протестот беа испишани на албански јазик, се носеа албански знамиња и се слушаше албанска музика.
Тие заедно со нив носеа фотографии од осудените лица, а за дел од нив се бараше да се ослободат. Инаку, денес се навршуваат 4 години од терористичкиот чин каде загинаа 9 припадници на полицијата.
На пpотecтите се скандираше „УЧК, УЧК“, а се исвиpкyваше и името на Сашо Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорѓе Иванов.
ФОТО: Инфомакс.мк