На референдум ќе се одлучува за БРТ превоз?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
brt-brz-transport-sskopje

- За БРТ превозот не постои ниту презентација пред совет на град Скопје, а и одлука на Совет на Град Скопје, а тие се претставниците на граѓаните во градот. Преземале обврска дека ќе потрошат 70 милиони евра, а Советот не донел одлука, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во „Само интервју“ на Канал 5 додавајќи дека ниту скопјани се прашани, ниту запознаени за истото.

— реклама —

- Немам намера да правам нешто без да ги консултирам скопјани, бидејќи тие не се консултирани за решението БРТ. Во 2017 некој имаше кампања за трамвај која во 2019 премина во БРТ. Во самите анализи кои се нарачани од градот Скопје се кажува дека за граѓаните овој проект е непознат и не знаат што ќе донесе овој проект, рече Арсовска.

— реклама —

Таа додаде дека постојат и ризици од овој проект и граѓаните треба да знаат зошто БРТ не е најдобро решение.

— реклама —

- Ризици се како отстранувањето на средишното зеленило од Партизанска, но поголем ризик е што под тоа зеленило се наоѓа главната водоинсталација за питка вода за Скопје. Дали скопјани биле запознаени дека треба да се гради нов мост кај мостот Обединети нации и истото не вкалкулирано во буџетот од 70 милиони евра и дека новиот мост ќе е сериозна задача од финансиска гледна точка детектирано е но и од нормалниот живот. И тоа е дополнителен трошок од над 6 милиони евра, вели Арсовска.

Според Арсовска, чесно е да се презентираат овие работи пред скопјани и да одлучат дали е ова добро решение за нив.

- Јас понудив концепт за кој граѓаните се решија, но и споменав референдум. Има многу напади секојдневно и закани, но немам намера да потклекнам пред истите. Референдум е една од опциите кои може да се понудат дали граѓаните сакаат едно или друго решение. Референдумот како опција и треба да се практикува за решенија како што е БРТ кое ќе го оптовари буџетот на државата за 70 милиони евра, нагласи Арсовска

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања