На регионалниот пат Неготино- Градско,во камион пронајдени 80 мигранти, возачот приведен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
migranti

На 15.08.2020 во 09.30 часот на регионалниот пат Неготино- Градско, кај стар мотел Градско, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес 911“, со скопски регистарски ознаки.

— реклама —

Веднаш по застанувањето, возачот побегнал, но набргу бил пронајден и приведен. Станува збор за А.Ф.(20) од с.Визбегово, скопско. При преглед во товарниот дел во возилото биле пронајдени 80 лица мигранти (79 од Пакистан и едно од Еритреја).

Увид бил извршен од полициски екипи, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против А.Ф. била поднесена кривична пријава, поради основи на сомневање за сторено

— реклама —

кривично дело по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Исто така, по наредба на Јавниот обвинител мигрантите ќе бидат сместен во Прифатниот транзитен центар

„Винојуг“ - Гевгелија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања