Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

На СДС поважни им се тендерите отколку заштита на националниот идентитет, пропуштија историска шанса, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
296167080_881210299511396_3963652905947214424_n

Наместо зачувување и заштитата на националниот идентитет и јазик, СДС единствено што мислат се тендерите, криминалот и личното богатење, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„СДС предводени од ДУИ не сакаат договор и за тоа со недели лажат и не се изјаснуваат кои од двата предлога за заштита на националниот идентитет и јазик се прифатливи за нив.

— реклама —

Ковачевски и СДС ја пропуштија историската шанса за Македонија и граѓаните и решија да тргнат во одбрана на бугарскиот диктат за промена на Уставот на штета на државата.

Двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ заштита на идентитетот и јазикот се црвените линии и од нив нема отстапување.

— реклама —

Едно е јасно, ДУИ и СДС немаат 80 пратеници, а со тоа нема да има ниту уставни измени под бугарски диктат. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е последниот браник за заштита на националниот идентитет и заштита од уште едно предавство кое сакаат да го направат ДУИ и СДС.

— реклама —

Граѓаните се изморени од лагите на власта, како и од националните предавства, криминалот и тешкиот живот кои го донесеа ДУИ и СДС. За тоа единствениот излез од овие кризи се избори. Избори од кои бегаат од СДС бидејќи се свесни за катастрофалниот пораз кој им следи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања