Промени тема
Контакт

На СДСМ и Ковачевски им требаа денови да го осудат отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Претседателот Мицкоски ги брани позициите на Македонија и во ЕПП и во средбите со бугарските претставници, проблемите се создадени од СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Претседателот Мицкоски пред целиот Конгрес на ЕПП кажа дека Македонија се соочува со агресија од Бугарија.

Претседателот Мицкоски од бугарското МНР побара тргање на ветото за почеток на преговорите.

— реклама —

За разлика од претседателот Мицкоски. СДСМ и Ковачевски молчат. Им требаа денови да го осудат отворањето на бугарскиот клуб со име Ванчо Михајлов. А, нивниот ментор Заев го создаде проблемот со Бугарија кога кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, и дека зборуваат ист јазик. Заев ги уништи Македонските позиции и ја изнегира нацијата.

Заради СДСМ сега Македонија е оспорувана.

— реклама —

СДСМ беше на линија со најголемите шовинистички идеи во Бугарија. Тоа ги отвори апетитите во Софија.

— реклама —

СДСМ треба да знае, без разлика колку и да се виткаат тие. ВМРО-ДПМНЕ нема са прифати договор кој е на штета на македонските позиции.

Доволно е од понижувања. Премногу е. Затоа протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања