Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

На СДСМ не им се допаѓаат министрите од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
384725025_871477054341032_8131671961745468377_n

„ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, меѓу нив лични пријатели на Мицкоски, кадри од времето на режимот на Груевски, поранешни функционери во град Скопје, но и кадар со кривична пријава за злоупотреба на службената должност“, вели СДСМ и додава:

Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум.

— реклама —

Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен.

— реклама —

Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.

— реклама —

Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место си ја вработила во УЈП и нејзината сестра.

Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ, кој како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања