На 09.08.2019 околу 23.30 часот, од неговиот дом во струшкото село Боровец, во полициска станица Струга, приведен е Н.С.(50). Тој, при семејна веселба, го нарушил јавниот ред и мир со пукање од пиштол, што легално го поседувал. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.