На сопругот од Јанкуловска криви му се и новинарите: Учествувавте во медиумскиот линч кон Гордана кој трае 10 години без прекин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gordanaa

Сопругот на Гордана Јанкуловска, Влатко Илиевски откако Врховниот суд на Република Северна Македонија информираше дека е одбиено нејзиното барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот, за ФОКУС вели дека новинарите не заслужуваат одговор, бидејќи цели десет години учествувале во медиумскиот линч врз Гордана.

— реклама —

-Искрено да ви кажам, дека не заслужувате генерално како новинари било какви коментари, затоа што за сите изминати години некритички го покривате работењето на правосудните власти. Со умисла или небрежност учествувавте во медиумскиот линч кон Гордана кој трае без прекин десет години, и со тоа сте помагатели на злосторничкото здружение кое ги нарача и изврши пресудите.

Дури и ова прашање што ми го поставувате е со цел да се поттикнат судири и меѓусебни обвинувања помеѓу осудените, наместо да се запрашате дали постои кривично дело, дали за некој е застарено делото и која е позадината на целиот прогон. Многу сте површни, истакнал сопругот на Јанкулоска.

— реклама —

 

Текстот во целост на: ФОКУС

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања