Промени тема
Контакт

На Средно Водно се одржаа „Средношколски игри 2018“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
SI-2018

Под слоганот „Заедно во природа“ денеска на Средно Водно се одржа петтото издание на манифестацијата „Средношколски игри 2018“.

— реклама —

Манифестацијата вклучи различни натпревари во природа (во крос, во знаење, во уметнички вештини- цртање и фотографирање, креативно пишување, зелени игри, забава...) а со цел подигање на свеста на средношколците за потребата и неопходноста од нивен редовен престој на отворен простор заради подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје. Натпреварувачкиот карактер придонесува кај младите да се развијат потенцијалите за истражување и учење, тренирање, вежбање, уметнички и естетски развој, а животната средина во која се одвиваат игрите кај младите поттикнува свесност за здрав живот и почесто движење во природни средини.

— реклама —

На еднодневните игри, учествуваа околу 300 активни учесници од 15 средни училишта од Скопје, и тоа ученици - натпреварувачи, наставници, комисии, претставници на државни институции и компании, но и останати ученици, родители, посетители на Средно Водно. Од настанот учениците испратија пораки за меѓусебна толеранција, здрав живот и чување на природата.

— реклама —

Манифестацијата се одржа во организација на ЗГ „Сфера“ со поддршка на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања