„На свадбата на Мијалкови било забрането да се свири 'Туѓа си бескрајно' пошо го потсеќала свекорот на конфискуваните станови“ - свадбата донесе хаос од коментари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Screenshot-2023-10-15-at-10.24.15-1

Свадбата во семејството Мијалкови, чиј прв човек е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, донесе контроверзии и коментари од јавноста. Фотографии од гостите кружат на социјалните мрежи, беше доделен и прекарот „милионска свадба“, а не останаа незабележливи ниту критиките. Најбројни се коментарите дека Мијалкови направиле богата свадба со парите од граѓаните на Македонија.

— реклама —

Иљче Затаракоски, познат критичар на состојбите во Македонија, напиша и сподели неколку свои мислења во врска со оваа свадба, за која се зборува два дена во јавноста.

„Фала Богу шо напраја Мијалкови свадба, да имат од шо да живеет ‘ѕвездиве’ кај нас. Пошо очигледно достоинството и интегритетот не им се така битни ко хонорарот. Така кловнови?“, напиша тој.

— реклама —

Потоа, искоментира и: “Не настапи некој професор од правен на свадбата на Мијалков? Барем Калајџиев и Чупеска да исполнеа по еден монолог за тоа како е подобро украдените државни пари да се трошат на вакви убави нешта како свадби, отколку да се конфискуваат. Шо им е тешко...ставаш жетон и тие почвет“.

Неизбежен беше и ироничен коментар.

„На свадбата на Мијалкови било забрането да се свири песната "Туѓа си бескрајно" пошо го потсеќала свекорот на конфискуваните станови“, напиша Затаракоски.

Остра критика и од ексобвинителот, сега адвокат, Воислав Димоски.

„Народот има полно право да покажува интерес за свадбата на Мијалковци со оглед дека истата ја плаќа“, напиша тој.

Свадбата чинела милиони. Скапи пејачи од Балканот и пошироко, уредуавње на ентериерот кое изгледа, а и по се, можеби и чини скапо - го обиколи интернетот.

Screenshot-2023-10-15-at-10.24.15

(Видео) Милионската свадба на Мијалков во „Мериот“

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ беше специјална гостинка на гала свадбата на синот на поранешниот шеф на УБК Сашко Мијалков. Постариот син на Сашо и Сандра, Јордан пред неколку дена се венчаше во манастирот „Јован Бигорски“ со неговата сопруга Анастасија, а направија журка во „Мериот“, хотел кој е делумна сопственост на ексдиректорот на УБК.Поради украсувањето па до секој елемент во „Мериот“, прославата го доби прекарот „милионска свадба“ од јавноста. На ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, му беше конфискуван имотот поради тоа што го стекнал на незаконски начин, истиот беше продаден, но по сѐ, се чини дека тоа не било пречка за ваква елитна прослава.На свадбата Цеца ги забавуваше гостите, а помеѓу нив голем број градски фаци и пријатели на Јордан и Анастасија. За присутните Цеца ја отпеа и „Македонско девојче“. Парот пред една година направија интимна прослава за најблиските, а по неколку месеци ја добија ќерката Александра.

Магазин | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања