„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

На туристичките автобуси на Матка ќе им се наплаќа влезница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

На туристичките автобуси на Матка ќе им се наплаќа влезница, а штом ќе ги истоварат патниците автобусите ќе се пренасочат на паркинг каде што ќе ги чекаат патниците додека шетаат.

— реклама —

Ова е една од опциите што Град Скопје заедно со Општина Сарај ја разгледуваат со цел да се реши сообраќајниот хаос во спортско-рекреативниот центар “Матка” присутен особено за време на викендите. Во моментов туристичките автобуси се паркираат на малиот простор над трибините за кајак и се создаваат големи гужви.

-Мојата желба е влезот на автобусите да се наплаќа и после истоварањето на патниците, автобусите ќе треба да заминат на паркинг затоа треба да им обезбедиме паркинг. Не постојат такви бисери во светот каде може да влезете и да ги оставите автобусите. Може да влезете да ги оставите патниците и да заминете и потоа да се вратите. Тоа е основата на коцептот кој го работиме со општина Сарај за намалување на сообраќајот. Во непосредна близина ни е езеро Треска од друга страна има делови кои не се дел од Матка кои може да бидат уредени како паркинг простор.

— реклама —

По имплементирање на овој систем во Матка влезот на автобусите ќе се наплаќа и нема да може да го користат овој паркинг автобусите туку ќе бидат насочувани кон други паркинг места , посочи скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања