Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

На уште не почната изградба на коридорите, Груби и Ковачевски се обврзале да платат 53 милиони евра дополнителни трошоци, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
04042023_PVRSM_Kovachevski_koridor8-1

На уште не почната изградба на автопати, државата ќе плаќа пенали (или дополнителни трошоци) од 53 милиони ера, само затоа што криминалната влада на Груби и Ковачевски се обврзала на тоа. Владата потроши милиони народни пари за некакви експерти кои го изготвиле договорот за изградба на коридорите на штета на Македонија, односно прифатиле измени на законски одредби кои ако не се случат за 45 дена ќе се исплаќаат енормен еднократен трошок од 53 милиони евра и дополнително секој месец до промена на законските одредби по 2,1 милион евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Доколку ова не беше така, власта ќе демантираше или ќе го објавеше договорот на увид на јавноста и експертите. Но оваа апашка власт го крие договорот затоа што е направен на штета на Македонија. Мафијата на власт треба да каже што содржи договорот на страница 427 каде што е уредена обврската која Груби и Ковачевски ја презеле во име на Собранието да се промени закон и да се дозволи 60 часовна работна недела, нешто кое веќе е одбиено од Уставниот суд. Мафијата на власт да каже дали ако не се прифати овој услов се обврзала дека

1. Рокот за завршување на проектот и секоја фаза поединечно ќе биде продолжен за најмалку 6 месеци;

— реклама —

2. А) Дополнителни 53 милиони евра, еднократно да се додадат на месечната транша, и тоа во рок од 14 дена од последната дата односно 45 дена од потпишувањето.

— реклама —

Б) Дополнителни 1 милион 265 илјади да се плаќаат секој месец до крај на проектот, како Индиректни трошоци, кои инаку се договорени на под 3 милиони; и

В) Дополнителни 900.000 евра да плаќаат секој месец додека не се исполни условот, односно не се смени законот за 60 часа работна недела.

— реклама —

Ова е класично оштетување на буџет, за кое мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања