Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари, затоа го блокираат Изборниот законик“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryhh1lcbl0a2blb00dPL3

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДС и Левица со повеќе од 10.000 амандмани го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, иако, како што рече, со месеци се работело на усогласување на текстот со сите политички партии.

— реклама —

Според Манасиевски, СДС се противи на воведувањето електронско гласање за македонската дијаспора, бидејќи, како што оцени, стравува од изборен пораз.

— реклама —

„СДС директно се спротивставува македонската дијаспора да гласа по електронски пат, со единствена цел да го намали убедливиот пораз што им следува на следните парламентарни избори“, изјави Манасиевски.

Во своето обраќање тој ја обвини и Левица дека, и покрај тоа што, според него, биле прифатени сите нивни барања при подготовката на Изборниот законик, сега го блокираат неговото донесување.

— реклама —

Манасиевски тврди дека барањата на Левица се однесувале на поголеми финансиски средства за финансирање на изборните кампањи, но и покрај тоа, партијата не дала поддршка за законското решение.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ повторија дека остануваат отворени за разговор и ги повикаа СДС и Левица да ги повлечат поднесените амандмани и да предложат решенија за изборниот процес, со цел, како што велат, да се овозможи електронско гласање на дијаспората на следните претседателски избори и да се намалат трошоците за нивно организирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања