Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

На Владата ѝ требаат 61 пратеник, а на граѓаните 80 пратеници, рече Ковачевски пред петочното гласање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

На Владата не и требаат 80 пратеници, а Европската Унија го исполни својот дел со потпишување на Договорот со ФРОНТЕКС за чист македонски јазик. Ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски во пресрет на петочното гласање за уставните измени. Ковачевски кажа дека Владата ќе опстои со 61 пратеник зошто им се доволни за да гласаат одлуки. 80 пратеници се потребни за граѓаните.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Вие го поставивте прашањето, 80 пратеници немате. 80 пратеници требаат за Европска Македонија. На Владата ѝ требаат 61 пратеник за да може да работи до следна Влада. 2/3 мнозинство е императив за секој граѓанин во државата. Кога ќе кажеме 80 пратеници, тие не се потребни за Владата туку за граѓаните на оваа држава“, рече Ковачевски.

— реклама —

— реклама —

Според него, десет дневната дебата во Собранието е можност за граѓаните да се уверат дека се работи за процес за остварување на стратешка цел, членство во ЕУ.

„Кога почна процесот, имаше коментари за правење на хистерија дека Македонија ќе била бугаризирана, ќе има асимилација. Ништо не се случи. По една година, имаме чист јазик. Поголема меѓународна потврда за јазикот и идентитетот – нема. Потоа беше побарано гаранции од големите држави дека стојат зад нашиот идентитет. Германија донесе резолуција. И во САД има исто така поднесено резолуција за славењето на македонскиот јазик, култура и идентитет. Нема поголеми партнери“, додаде тој.

ВМРО-ДПМНЕ се дециндни дека уставни промени нема да поддржат.

— реклама —

„Кое е објаснувањето на ВМРО-ДПМНЕ зошто е против? Бугарски диктат е најновото. Од ЕУ излегуваат ова не е предлог на Бугарија туку на ЕУ. Тие кажуваа ќе ја менувале преговарачката рамка, а сега не го зборуваат тоа бидејќи од САД и ЕУ кажаа дека таа е одобрена од сите земји членки како најдобро компромисно решение“, додаде Ковачевски.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања