Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

На Хрватска ѝ недостасуваат 12.000 медицински сестри и 2.000 доктори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет

Во Хрватска има 62 болници и голем дел од нив се соочуваат со недостиг на персонал. Во моментов, во регистарот на медицински сестри има 40.224 медицински сестри и техничари. Се проценува дека недостасуваат уште околу 12.000 за исполнување на стандардите на ЕУ.

Слична е состојбата и со лекарите. Според податоците на хрватската Лекарска комора, во јавниот систем се вработени 13.613 лекари. Од нив, 13.342 се вработени со полно работно време, додека 271 се лекари во пензија, кои работат до четири часа.

— реклама —

Според податоците на комората, специјалистите одработуваат повеќе од три милиони прекувремени часови годишно, па така е пресметано дека им недостасуваат 2.000.

Најголем недостиг има на педијатри, анестезиолози, радиолози, доктори по семејна медицина и гинеколози. Но, проблем е што  во наредниве години во пензија ќе заминат дури 4.000 доктори, претежно од семејна медицина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања