Промени тема
Контакт

Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито, е пример како работи цела влада, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika-1

Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито, е пример како работи цела влада, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ељхам Шкрета, началникот кој беше уснимен како бара и зема мито од 120 евра на граница, е истиот тој кој се закануваше на социјалните медиуми, во одбрана на Заев и Спасовски.

Шкрета беше заштитник на Заев и Спасовски на социјалните мрежи. Дали тоа се должело на неговите нелегални активности и криминал кој го правел?

— реклама —

Потребен беше странски медиум да открие криминал во МВР, наместо внатрешната контрола. Ова говори дека Шкрета е штитен од врвот на МВР.

— реклама —

Случајот со Шкрета е само еден пример како функционира оваа власт која е во срж корумпирана.

На луѓе им се бара мито и се прави криминал од граница до генерален секретаријат на влада.

— реклама —

Системот на СДСМ е трул, и го гризе општеството“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања