Национален Блок „Не отворам врата“ до нашите во странство: Продолжете да не се попишувате, заканата со казни е блефирање на власта оти нема казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Националниот Блок „Не отворам врата“ изразува големо задоволство што нашите во странство масовно не се попишуваат . Власта е свесна дека пописот нема да успее и во очајнички обид води пропаганда за заплашување со казна затвор и прекршочни казни од 200 евра, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“.

— реклама —

Во продолжение на истото од Националниот Блок „Не отворам врата“ додаваат:

— реклама —

Заканата на власта со казни е најобично блефирање, бидејќи, прво, лажат за казна затвор оти според ниеден закон во Македонија непопишувањето не е предвидено како кривично дело, и второ, прекршочните казни од 200 евра не важат, бидејќи Македонија не може да поднесува прекршочни пријави во странски држави.

— реклама —

Ја користиме приликата да информираме дека прекршочните казни од 200 евра не се применливи и во Македонија според Законот за прекршоци, но, тоа ќе ќе го објасниме доколку започне пописот на 1 април и во Македонија.

Браќа Македонци и сестри Македонки во странство, продолжете да не се попишувате и не се плашите од казни бидејќи власта лаже, нема казни.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања