Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Националната арена „Тодор Проески“ е подготвена за претстојниот натпревар со репрезентацијата на Англија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Националната арена „Тодор Проески“ е подготвена за претстојниот натпревар со репрезентацијата на Англија.

— реклама —

На целиот проект му претходеа интензивни работни активности, кои резултираа со исполнување на зацртаната цел –  целосна ревитализација на тревната површина.

— реклама —

Гостите од странство ќе ги пречекаме на терен, кој е во согласност со највисоките стандарди на УЕФА и ФИФА и е еднаков на условите што ги обезбедуваат повеќето од европските стадиони. АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката застана зад овој проект целосно, со максимални заложби и целосен капацитет во соработка со ФФМ, кој ја обезбеди донацијата. Самите карактеристики на овој вид хибридна трева гарантираат одличен квалитет, односно рок на траење од 8 до 10 години, како и зголемен степен на нејзината експлоатираност. На него ќе може да се игра на температура од -20 до + 40 степени, а снегот и дождот нема да претставуваат дополнителен проблем бидејќи теренот има и систем за греење. Целосната ревитализација на тревната површина, покрај низа придружни елементи, опфаќа и надградба на системот на наводнување, како и поставување нови голови. Процесот на целосно менување на тревата, кој последен пат е изведен пред 11 години, ќе ги подобри условите на националниот и клупскиот фудбал и е во насока на успешно развивање на фудбалската игра.

— реклама —

Сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската фудбалска репрезентација в понеделник ќе имаат можност да уживаат во следењето на натпреварот со Англија. АДИССДП изразува надеж дека навивавачката атмосфера ќе биде во духот на ферплејот и со силна подршка од трибините заеднички да се стигне до што подобар резултат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања