„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Националниот џез оркестар утревечер го отвора „JAZZHR“: Заеднички концерт со врвни солисти од регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин

На сцената на Клуб Театар Комедија-Контеса во Загреб, утревечер, 25 октомври, во 19.30 часот ќе настапи Националниот џез оркестар, заедно со солисти од регионот, со што воедно ќе биде отворено есенското издание на „JAZZHR“.

— реклама —

Публиката со нетрпение го очекува овој концерт кој ќе понуди богата програма заедно со врвни солистички имиња од регионалната џез сцена.

„Голема чест и задоволство е да го отвориме Хрватскиот џез фестивал. Ветуваме уште еден незаборавен концерт со разновидна и богата програма. Се чувствуваме возбудени и мотивирани од атмосферата со која на дочекаа во Загреб“, вели Гоце Стевковски, директор на НЏО.

— реклама —

Националниот џез оркестар ќе настапи во состав: Трајче Велков, Сенад Усеин, Александар Златески, Јордан Колевски на труби, Сашко Николовски, Филип Богоевски, Енис Мехмедов, Никола Ристевски на тромбони, Борислав Веселинов, Славко Георгиев, Иван Иванов, Валентин Видовиќ на саксофони. Како дел од оркестарот на контрабас ќе настапи и нашиот истакнат џез уметник Мартин Џаконовски Шпато.

Диригент на концертот е маестро Џијан Емин.

Од регионот солисти се Александра Бјелиќ -вокал, Марио Бочиќ-саксофон, Филип Булатовиќ-клавир, Томаж Гајшт-труба, Алба Нациновиќ-вокал, Јанко Новоселиќ-тапани.

Покрај композициите од наведените солисти, ќе бидат изведени и по една композиција на нашите автори Гоце Стевковски, и Гордан Спасовски каде како солисти ќе се претстават Гордан Спасовски, Виктор Филипински, Зоран Костадиновски и саксофонистот Кирил Кузманов кој на годинешниот Скопскиот џез фестивал ја доби наградата за најдобар џез музичар.

Хрватските медиуми го најавуваат почетокот на „JAZZHR“ (25-27 октомври) како извонредна можност да се слушне Националниот џез оркестар кој летово со своите настапи го разбранува хрватското крајбрежје.

По концертот на овој фестивал, Националниот џез оркестар ќе настапи на Сараевскиот џез фестивал на 6 ноември а кој е веќе однапред распродаден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања