Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Над 17 милиони евра кај земјоделците за само една недела, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
zemjodelci

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, продолжува со вистинска грижа за земјоделците, вели СДСМ

— реклама —

„Во еден ден, на сметките на околу 24.000 земјоделци кои одгледуваат житни култури, исплатени се близу седум милиони евра основни субвенции.

Со ова, се стимулираат над 100.000 хектари земјоделска површина со поледелско производство.

— реклама —

За 2023 година, владата предводена од СДСМ издвои над 200 милиони евра наменета за директна помош и инвестиции во земјоделството.

— реклама —

Минатата недела, во пресрет на празникот Свети Трифун беа исплатени близу 10 милиони евра кон 15.000 лозари.

Тоа значи дека за само една недела кон земјоделците се исплатени 17 милиони евра директна поддршка за зголемено и поквалитетно домашно земјоделско производство.

— реклама —

Како одговорна партија, СДСМ останува да биде искрен партнер на земјоделците и заедно со нив да креира мерки и политики што го унапредуваат домашното земјоделство“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања