Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Над 170 казни за возачи во Скопjе, возеле брзо, под дејство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 12 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 46 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.

— реклама —

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27/28.09.2019 во времето од 23,00 до 05,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 32 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се 13 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и шест прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27.09.2019 во времето од 13,00 до 18,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои не даваат првенство на минување на возила на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 11 возачи. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.

— реклама —

На 27.09.2019 во времето од 14,00 до 24,00 часот санкционирани се и тројца возачи на мотори, а откриени се 34 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања