Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Над 19 илјади компании аплицираа за мерката финансиска поддршка за исплата на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Над 19 илјади компании досега аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник преку која се овозможува континуитетот на работните процеси, се обезбедува основа за редовна исплата на плати и придонеси, при што се создаваат сериозни услови да се сочуваат работните места.

— реклама —

Бројката на компании кои аплицирале е исклучително висока и охрабрувачка, особено ако се има предвид дека до крајот на рокот за аплицирање остануваат уште два дена, денешниот и целиот утрешен ден (четврток) до 24:00 часот, и се очекува дека за мерката ќе аплицираат голем процент од компаниите кои ги исполнуваат условите.

— реклама —

Аплицирањето за оваа мерка започна на 1-ви мај, и до сега, само во овие неколку дена, и покрај празникот и викендот, во Управата за јавни приходи се пристигнати нешто повеќе од 19 илјади апликации, што говори за големиот интерес за мерката.

— реклама —

Владата на Република Северна Македонија уште еднаш ги повикува сите компании кои сè уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП.

— реклама —

Остануваме фокусирани да им се помогне на што повеќе граѓани, да се зачуваат што повеќе работни места, да се поддржат компаниите и да се подготвиме за рестарт на нашата економија по завршувањето на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања