Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Над 200 волонтери чистеа на Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Uspesno-realizirana-generalka-za-cistenje-2

Над 200 волонтери успешно ја спроведоа големата акција за чистење на Водно „Генералка викенд“. Во добра работна атмосфера учесниците испратија многубројни пораки за почиста и поздрава средина и упатија апел до граѓаните сите заедно да го чуваме природното богатство и убавините на Водно.

— реклама —

Денешните активности за чистење опфатија голем број локации на планината - пензионерската патека од врвот до Средно Водно, асфалтниот пат, потегот од Средно Водно до полициската станица, пешачката шумска патека, паркинзите на Средно Водно, просторот под телескопот, паркчето со фитнес справи и кај црквата, како и потегот кон Матка, видиковецот, кон Горно Соње и околу крстот. Волонтерите учесници во акцијата беа опремени со ќеси за отпад и ракавици.

Градоначалничката Данела Арсовска упати благодарност до претставниците на приватниот сектор со кои се реализира оваа акција, како и до претставниците на дипломатските претставништва и волонтерите од Градот Скопје, од средношколците, до општините Гази Баба и Кисела Вода и вклучените јавни претпријатија. Значајно е да се нагласи дека партнерите во оваа акција ќе извршат селекција на собраниот отпад од Водно, а дополнително, за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.

— реклама —

Заштитата на животната средина е приоритет на Град Скопје. Во текот на наредниот период Градот ќе организира и ќе се вклучи во голем број еколошки акции за чистење и унапредување на нашата околина.

Градот Скопје и во текот на изминатите месеци интензивно работеше на расчистување на дивите депонии и сметиштата во градот за да се уреди средината и за да се спречи потенцијалното загадување на воздухот.

Ваквите еколошки акции се еден од приоритетите на Градот Скопје, преку вклучување на граѓаните како волонтери, јавниот и приватниот сектор, со заеднички активности може да се постигне голем напредок во подигање на јавната свест за почиста средина и се мотив плус за Градот Скопје посветено да работи за поуреден и чист град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања