Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, тврди Петрушевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
zaev-carina

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тврдења дека над две третини од вкупно 27 тони запленета марихуана се поврзани со фирма која, како што рече, е во сопственост и под контрола на лица блиски до СДС и поранешниот премиер Зоран Заев.

Според Петрушевски, фирмата „ЦБД Медплант“ формално е запишана на име на Христијан Котев, но реалната сопственост, како што наведе, ја има неговиот татко Тони Котев, познат како М’гчев, поранешен претседател на општинската организација на СДС во Ново Село. Тој, според изнесените обвинувања, бил во блиски бизнис-релации со Вице Заев и со Гидан Колев.

— реклама —
— реклама —

Петрушевски изјави дека во периодот од 30 јуни 2025 година до ноември истата година, според документацијата, од оваа фирма биле испорачани 19 тони марихуана кон скопска фабрика, како легално евидентирана количина. Дополнително, како што рече, утрово од струмичката локација биле изнесени уште 21 тон дрога, што, според него, го потврдува обемот на нелегалните активности.

Тој потсети дека станува збор за фирма која во 2020 година добила дозвола за одгледување медицински канабис од тогашната влада предводена од Зоран Заев, со министер за здравство Венко Филипче. Петрушевски нагласи дека уште тогаш ВМРО-ДПМНЕ укажувала дека лиценците за медицински канабис се доделуваат исклучиво по партиска и лична блискост со врвот на СДС.

— реклама —

Како примери, тој ги наведе фирмите „Еко Енерџи-Космос“ од Ново Село и „Лајтинг Лукс“ од Струмица, за кои рече дека биле меѓу првите добитници на вакви дозволи и дека се поврзани со лица блиски до тогашната власт.

ВМРО-ДПМНЕ, преку Петрушевски, побара Јавното обвинителство темелно да го истражи случајот и да даде одговори за можната вмешаност на лица од поранешниот владејачки врв. Тој јавно праша зошто, како што тврди, Зоран Заев лично се јавувал во Царинската управа и се интересирал за случајот, каква била улогата на Вице Заев и дали поранешниот премиер имал финансиски интерес од оваа шема.

„Струмичкиот нарко-картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија, но како и на секој картел, и на овој му доаѓа крајот“, изјави Петрушевски, додавајќи дека, според него, вистината конечно излегува на виделина и дека одговорност мора да има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

„Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 17 часа

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

„Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„Први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДС, кои го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања