Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Над 400 натпреварувачи од седум држави на 15. Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-libraryalkno9ucf29ddWSqNUi

Спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден денеска е домаќин на 15. издание на Меѓународниот џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“, кој годинава бележи рекордна посетеност со над 400 натпреварувачи од 24 клубови и седум држави.

— реклама —

Турнирот, во организација на Македонската џиу-џица федерација, собра учесници од Македонија, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Република Српска и Словенија. Натпреварувачите, во различни возрасни категории и во машка и женска конкуренција, ги одмеруваат своите сили и ги покажуваат спортските вештини и подготвеноста.

— реклама —
— реклама —

На свеченото отворање присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ги поздрави учесниците и официјално го означи почетокот на турнирот, нагласувајќи ја важноста на спортот за развојот на младите.

— реклама —

Општина Илинден продолжува да го поддржува спортот и да создава услови за одржување домашни и меѓународни натпревари, поттикнувајќи ги младите да се занимаваат со спорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања