Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Над 400.000 граѓани, пензионери, студенти, самохрани родители ќе бидат опфатени со антикризните мерки: владата треба да ги усвои утре, рече Битиќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Според вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, утре, на седница на Владата се очекува да бидат усвоени антикризните мерки.

— реклама —

Како што рече, со нив ќе бидат опфатени над 400.000 граѓани.


Одговарајќи на новинарско прашање колку компании ќе бидат блокирани поради неплаќање на солидарниот данок, Битиќи истакна дека според последните податоци тој број е мал и е под 20.

— реклама —

Додаде дека уште не се блокирани сите компании и секојдневно се менува бројот.

— реклама —

„Средствата ќе бидат искористени за антикризни мерки, кои очекуваме веќе утре да бидат на седница на Владата и се насочени кон најранливите категории граѓани, овде спаѓа најголемата група граѓани, а одреден надоместок наредните неколку месеци ќе добијат ученици, студенти, самохрани родители итн., буквално најранливите категории, опфатот ќе биде навистина голем. Над 400.000 граѓани ќе бидат опфатени со мерките и за тоа се користат средствата од солидарниот данок“, потенцира Битиќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања